

За Нас
Мокрени е село во Општина Центар Чашка, во околината на градот Велес. Селото Мокрени се наоѓа 47 км југо - западно од Велес. Се наоѓа на околу 600 м надморска височина. Од неодамна, со помош на Владата на РМ и МПЦ, комплетно е асфалтиран патот до манастирот Св. Спас во с. Мокрени.Жителите на с. Мокрени највеќе се занимаваат со земјоделие, сточарство, берење печурки, чај и сл. Моментално, с. Мокрени има 15 константни жители, меѓутоа, бројот на луѓе заљубеници во природата, се зголемува во текот на целата година. Во текот на зимата, местото има прилично голем број на снежни денови, па така глетката и пејсажот се феноменални. Во пролетните и летните денови, посетителите може да уживаат во свежиот планински воздух и можност да се избега од градските неподносливи жештини.
Најзначаен настан во с. Мокрени е селската слава Св. Спас, која секоја година е се помасовно посетувана. На неа, како главни личности се кумовите и претставниците на Македонска Православна Црква, но и останатите гости, кои секоја година се во се поголем број (на славата во 2015 година беа забележани околу 170 посетители).
Како резултат на интензивната урбанизација, но во исто време и големата негрижа за селата воопшто, и луѓето - жители од с. Мокрени не биле исклучок од тој процес. Па затоа, некаде кон средината на 60-те години на 20-от век, настапило масовно иселување и преселување на луѓето во околните градови (Велес, Скопје, Прилеп и др.)
Општествени институции
-
Манастир „Св. Спас"
-
Црква Св. Никола