top of page

Настани

Зимска авантура 2017

Ниските температури не ги спречуваат изидниците да се забавуваат, напротив тоа претставува само уште поинтересен предизвик кој треба да се надмине за да се доживее уште една интересна авантура!

Извидниците од ИПО Галеб, ИО Браќа Миладиновци и ПСИО, овие денови се дел од организираните зимувања кои се случуваат во Извидничкиот Центар Градовци и во Мокрени. Стотина извидници, меѓу кои и водачите се забавуваат во снегот и извидничката атмосфера.

Ниските температури не ги спречуваат изидниците да се забавуваат, напротив тоа претставува само уште поинтересен предизвик кој треба да се надмине за да се доживее уште една интересна авантура!

Извидниците од ИПО Галеб, ИО Браќа Миладиновци и ПСИО, овие денови се дел од организираните зимувања кои се случуваат во Извидничкиот Центар Градовци и во Мокрени. Стотина извидници, меѓу кои и водачите се забавуваат во снегот и извидничката атмосфера.

Мокрени, Велес Бајкинг 

Еден од последните сончеви денови за 2014 година, ЗГ „ВЕЛЕС БАЈКИНГ“-ВЕЛЕС организираше велосипедски настан Велес-Мокрени во должина од 90 км. Впечатоците на крај од денот беа огромни, како од прекрасниот сончев ден, така и од огромната позитивна енергија споделена меѓу учесниците и природата. Уште еднаш Азотот ни покажа дека е едно од најубавите места во Македонија.

Стартот на турата беше од Велес, познатата почетна точка на групата – споменикот Панко Брашнар во Велес, во 09:00 часот. Во добро познатата релација до с.Мокрени ги поминавме с.Стари Град, с.Оморани, рибен ресторан Пинк- Оморани, за да некаде во 12:30 часот пристигнеме во манастир Св. Спас во с.Мокрени каде по кажување на мештаните разбравме дека овде свои одаи има поглаварот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан.

Околината на с.Мокрени и с.Ораов Дол изобилува со дивеч, па одвреме–на време се слушаше по некој истрел од ловџиска пушка.

Во 13:00 пристигнавме во с.Мокрени каде бевме гости (ненајавени) во планинарскиот дом, кој сеуште е во сопственост на некогашна Топилница. Дел од поранешните вработени сеуште доаѓаат овде и го одржаваат, а богами и припремаат вкусно гравче со домашна кисела зимска салата. Паузата од 40-на минути ја искористивме за дегустација на вкусното гравче, и по една “домашна“…..

На враќање направивме кафе-пауза во рибниот ресторан Пинк, лоциран на самиот пат Велес-Богомила (близу с.Оморани) и топло го препорачуваме на сите кои ќе се најдат во тој регион.

Некаде во 16:45 пристигнавме во Велес, со заклучок дека ова беше една од подобрите асфалтни тури кои „Велес Бајкинг“ ги организирал. Се надеваме дека следната 2015 година ќе ја репризираме во многу поголем број.

Слава на селото Спасовден
Најзначаен настан во с. Мокрени е селската слава Св. Спас, која секоја година е се помасовно посетувана. На неа, како главни личности се кумовите и претставниците на Македонска Православна Црква, но и останатите гости, кои секоја година се во се поголем број (на славата во 2015 година беа забележани околу 170 посетители).

© 2018 од Александар Таневски жител на с.Мокрени област Азот Општина Чашка

  • Facebook Basic Black
  • Twitter Basic Black
  • Black Instagram Icon
bottom of page